Залутан куршум оштети возило на 24-годишник

24-годишник пријавил дека му било оштетено возило од залутан куршум.

- Ноќеска, 40 минути по полноќ во ОВР Гостивар, 24 годишниот гостиварец Д.Ф. пријавил дека  на магистралниот пат Скопје  Граничен премин Блаце, неговото патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки било оштетено од залутано зрно додека го управувал кон граничниот премин, информира СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.