Ранет е 28-годишен маж!

Вчера, во Градската општа болница “8 Септември“ бил примен 28-годишен маж кој бил ранет од куршум.

Според пријавата која ја поднеле од болницата за настанот, повредениот А.Р. од с.Кондово, ранет бил во неговиот двор во селото.

Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.