Заедничка иницијатива на родителите во еден град: На децата им е забрането да користат мобилни телефони

Родителите во ирскиот град Грејстон донеле заедничка одлука да им ги забранат телефоните на своите деца.

Photo by Patricia Prudente on Unsplash

Здружението на родителите во осум основни училишта во Грејстон усвоиле заеднички код за да ги спречат децата да користат паметни телефони додека не тргнат во средно училиште. Со оглед на тоа дека одлуката е заедничка, тие сметаат дека за секој родител ќе биде полесно да му каже не на своето дете, бидејќи и останатите врсници немаат право на тоа. 

Според нив, оваа одлука се однесува за децата до 14 години, односно до нивното тргнување во средно училиште. 

Училиштата и родителите ја усвоиле заедничката иницијатива минатиот месец поради загриженоста дека телефоните создаваат вознемиреност кај децата и дека ги изложуваат на содржини за возрасни. Ова е редок, а веројатно и единствен пример во кој цел град се решил заеднички да делува во однос на ова прашање.