За шест месеци Гази Баба успеала да заштеди 8 милиони денари - купени се багери и два комунални камиона

Работејќи домаќински и одговорно, како што истакна градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски општината успеала за шест месеци да заштеди 8 милиони денари.

Заштедата локалната власт ја наменила за опремување на општинското јавно комунално претпријатие ЈКП “Гази Баба 2007″. Средствата се искористени за опремување, како и екипирање на претпријатието . Од работни простории на јавното комунално претпријатие” кои се лоцирани во Маџари 1 на површина од 300 м2, наместо претходните 20 м2, градоначалникот Георгиевски ги потенцираше сите досегашни вложувања во ова претпријатие.

– За овој период успеавме да го дуплираме бројот на вработени во претпријатието со цел да може подобро да се одржува хигиената во општината. Набавивме опрема со која ова претпријатие може да ги одржува и уредува јавните површини. Вработените за прв пат добија заштитни униформи за работа.Претпријатието сега е опремено со нова механизација, истакна градоначалникот на Гази Баба.

Општината со заштедените средства набавила багер, како и два камиони, од кои еден со посебна опрема за одржување на јавното осветлување.

– Јавното комунално претпријатие денес е вистински сервис препознатлив на граѓаните. Сега со набавената опрема ЈКП може без никаков проблем самостојно да ги извршува сите активности за кое е основано.Како градоначалник сум горд што успеваме да ги развиваме повеќето гранки кои како надлежност ги има ова претпријатие.Со овие вложувања општината заедно со ЈКП Гази Баба ќе може да ја одржува и сервисира водоводната и каналска мрежа, а ставаме крај и на депониите низ општината, потенцираше градоначалникот.
Георгиевски апелираше до граѓаните да ја чуваат чиста општината.

– Ние вложуваме средства и правиме секаков напор за да имаме чиста и зелена општина, но во тоа мора да ни помогнат граѓаните. Кај секој од нас да се разбуди свеста дека мораме заедно да ја чуваме животната средина, додаде градоначалникот.