Ѓорѓиевски: 365 дена ги завршуваме со заштеда од 1.407.000 денари!

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски“ се пофали дека има 0 денари трошок за службеното возило во првата година од мандатот. 

-Да се биде прв човек на општината, тоа значи домаќински да се управува со буџетот на оние кои ти ја дале довербата. Мојот народ.

Јас не сум дојден тука да живеам на грбот на граѓаните, туку граѓаните да го видат бенефитот од нашето работење. Она, кое децении недостасуваше. 365 дена ги завршуваме со заштеда од 1.407.000 денари! - вели првито човек на Кисела Вода. 

Тој порача дека вози сопствено возило и троши гориво од својата плата, а репрезентацијата ја пренамениле за капитални проекти.