Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 14 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на цела држава, при што изречени се 243 санкции за сообраќајни прекршоци.
При контролата, информираа денеска од МВР, санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.