Вработен во општината ги распарчил гумите на градоначаникот на Штип

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вчера во 22.30 часот во полициска станица пријавил дека постојано добивал закани од вработен во општината.

Јорданов добивал закани со месеци, а вчера го пронашол неговиот автомобил со распарчени гуми.

- Градоначалникот на општина Штип пријавил дека Ј. М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило што го користел градоначалникот од страна на Ј. М. биле исечени, информираат од МВР.