Вработен во обезбедување на училиште нападнал работници

На 28.10.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје, З.И.(51) и Ѓ.С.(40), двајцата од Скопје, ангажирани од приватна фирма која работи на опремување на простории во основно училиште „Крсте Мисирков“ во населба Ченто, пријавиле дека биле физички нападнати од А.Ф., вработен како обезбедување во училиштето.

Тој потоа го оштетил и нивното службено возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.