По седум дена потрага најдена 22-годишна девојка од Скопје која беше пријавена за исчезната

Полицијата седум дена трагаше по 22-годишна скопјанка која беше пријавена за исчезната.

Од МВР информираа дека девојката вчера е најдена.

„На 3 јануари во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(63) од Скопје пријавил дека неговата ќерка А.С.(22), за која на 25.12.2023 била пријавена дека се оддалечила од домот, е пронајдена“, објави МВР во дневниот билтен.

Засега нема информации каде била девојката цела недела.