Воз удри во комбе во Куманово, има повредени

Две лица се повредени откако вчера наутро воз кој сообраќал на релацијата Скопје – Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате удрил во комбе.

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој.