30-годишник загина кај Градско откако се качил на вагон

Маж загина качен на воз од струен удар во Градско.

Од Центарот за управување со кризи вчера објавија дека се работи за мигрант на 30-годишна возраст.

Тој се качил на покривот на вагоните на воз што сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а несреќата се случила кај Градско кога дошол во допир со кабел на електрична енергија при што добил струен удар.

Случајот е пријавен во МВР и Итната медицинска помош. Според информациите од полицијата, лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото.