Водата во Скопје е безбедна за пиење

ЈП Водовод и Канализација односно Секторот за санитарна контрола соопшти дека во периодот од 11.12.2023 до 15.12.2023 има земено 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)