Водата од скопски „Водовод“ исправна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.08.2021 до 27.08.2021 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје, соопштуваат од претпријатието.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).