Скопската вода исправна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација” во периодот од 21-ви до 25- ти месецов.

За анализата се земени 191 примерок за физичко-хемиска и 191 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18).