Во мојата соба живеат големи гуштери: Да ѝ помогнеме на шестгодишната Луна од Македонија

Семејството Трајковски живее во малото село Пелинце, во услови на работ на човечкото достоинство, објави „Нова.рс“.

-Јас сум Луна Трајковска. Сакам да играм и да имам розов дрон. Овде живее гуштер во огромна пештера, вели таа за српскиот медиум.

Организацијата „Срби за Срби“ почна кампања за собирање на хуманитарна помош за семејството Трајковски.

-Хуманитарни броеви на Културно-информативниот центар на Србите во Македонија СПОНА – 143123 (А1) и 143143 (Т-дом). Цената на пораката е 100 МКД. Сите донации собрани на овој начин ќе бидат искористени за помош на семејствата во Македонија на кои им се помага како дел од акциите на нашата организација, велат од организацијата.