Видео: Малата Марија од Гевгелија продава крофни за да помогне на болно девојче

Марија од Гевгелија, инспирирано од гестот на малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, почна да продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на Луна Поп-Костова од Гевгелија.

Двете девојчиња не се познаваат, иако се од истиот град, но кога Марија дознала за болеста на 14-годишната Луна, веднаш решила да помогне.

Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција во Турција.