Апел за помош: Малата Луна мора да оди на итна операција во Турција

Малата Луна Поп Костова од Гевгелија поради асфикција на мозокот при раѓање се здоби со дијагноза „Спастична церебрална парализа-квадриплегија Г-80.9“.

14-годишната Луна веќе година ипол се бори храбро со сколиоза која е во последен стадиум и бара итна операција во Турција.

- Да ги отвориме нашите срца, нашето малку за некого значи живот. Да ѝ помогнеме на малата Луна, се вели во апелот.