Во Мичурин започнува доградбата на ООУ „Блаже Конески“ - инфраструктурна инвестиција која го решава проблемот со просторните капацитети

Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината.

- Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, а ќе го реши проблемот со недостаток на места во основните училишта, вели првиот човев на општина Тимчо Муцунски. 

Инвестицијата предвидува зголемување на капацитетот на училиштето во две фази за дополнителни 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, дополнителна спортска сала, просторија за библиотека и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри, објави Муцунски кој потенцираше дека со оваа инвестиција училиштето ќе стане едно од најмодерните училишта каде учениците ќе имаат можност да растат и да учат во најмодерни услови, согласно сите европски стандарди.