Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски денеска заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годинишната од основањето на Здружението на пензионери - Аеродром.
Муцунски се заблагодари за поддршка која пензионерите ја даваат на општина Аеродром и истакна дека и понатаму остануваат отворени за соработка.
- Нивното искуство и нивната мудрост се непроценливо важни во создавањето подобра општина и ние секогаш сме отворени за предлозите, сугестии и забелешките што доаѓаат од нивна страна, рече тој.
Како заедница, општина, но и како држава мораме поактивно да работиме на подобрување на статусот на пензионерите и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во животот. И понатаму, лично ќе се залагам Општина Аеродром да биде важен партнер во реализација на нивните планови и активности, додава првиот човек на општината.