Српскиот пејач Жељко Самарџиќ најавува концерт во Скопје. 

Концертот е закажан за 16 февруари 2019 години во Арената "Борис Трајковски", а влезниците се веќе во продажба. 

Месецот на виното и љубовта се чини дека му е омилен за концерти во Скопје, бидејќи пред неколку години имаше еден незаборавен, каде публиката се забавуваше со него и со неговите хитови. 

Публиката ќе има можност да ужива во многуте хитови на Самарџиќ: “Покажи ми шта знаш“, “Зато крадем“, “Зауставите ми јануар“ итн.