Во кој сектор во земјава земаат највисоки плати?

84 452 денари изнесувала бруто платата за март во секторот воздухопловен транспорт, покажуваат податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика. 

Со месеци наназад вработените во овој сектор се на врвот според примањата. 

81 128 денари е во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, 64 397 денари е бруто плата во информации и комуникации, 63 617 во финансиски дејности и дејности на осигурување. 55 632 денари е бруто износот по вработен во осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување. 

50 548 денари е во правни и сметководствени дејности. 

Бруто плата од 58 411 денари добиваат вработените во останати стручни, научни и технички дејности. 

40 690 денари е бруто во секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.