ПЛАТИ САМО ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ: Најмалку платени се вработените во овие сектори

Додека информатичкиот сектор е најгоре на листата професии кои носат најголема заработка во државата што го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистика, најмала плата земаат вработени во дејностите рибарство и аквакултура. 

Во тој сектор просечната плата во месец јуни била 12 656 денари. 

236 денари повеќе или 12 892 денари плата во јуни земале вработени во Заштитни и истражни дејности.

Во групата најмалку платени професии се редат и производителите на кожа и слични производи од кожа кои во минатиот месец имале плати од 14 962 денари а безмалку 1000 денари повеќе од нив на контото плати бележат вработени во производство на облека или 15 745 денари просечна плата.

На вработени во дејности за подготовка на оброци и служење на храна им била исплатена просечна плата 15 294 денари.

Државниот завод за статистика пресмета дека  компјутерските програмери имаат највисока плата која изнесува 56.587 денари.