Во хотел на подрачје на Центар: Две лица насилно одзеле пари од 53-годишник

Минатата ноќ во хотел во Центар бил ограбен 53-годишник.

- На 16.01.2023 во 03.00 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека околу 01.30 часот во хотел на подрачје на Центар, едно женско и едно машко лице со закана и со употреба на физичка сила од Г.П.(53) од Скопје одзеле пари, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.