Во Арачиново ќе се гради нов музеј на ОНА

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими во изјава за ТВ21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.

Тој изјави дека допрва ќе треба да се избере локација за музејот и дека за таа намена има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.

– Сè додека не е избрана локацијата што ми е приоритет, постојат различни форми. Тоа е едно од тие ветувања што ги дадов, на Арачиново му припаѓа музејот на ОНА, Арачиново има историја за големиот придонес што го даде за време на војната – вели Ибрахими.