Полицијата веќе пет дена трага по напаѓачот кој пукаше во градоначалникот на Арачиново

Полицијата веќе пет дена трага по напаѓачот кој со автоматска пушка испука над 25 куршуми во градоначалникот на Арачиново и неговите соработници. Министерот Тошковски вели дека едно лице е приведено зошто против него имало потерница поради учество во терористички организации додека другото лице е ослободено

„Тие што комуницираат со јавноста да внимаваат што говорат, да внимаваат кои информации ги изнесуваат и да се фокусираат на интересот на јавноста, да не ја лажат јавноста, но истовремено да не кршат закон во делот на издавање одредени информации што би можеле да ја нарушат истрагата“, нагласи министерот Тошковски.

Од МВР тврдат состојбата во земјава е стабилна, полицијата е подготвена да спроведе фер и демократски изборен процес. Тошковски најави дека особено внимателно ќе се следи тетовскиот регион, бидејќи нов началник на СВР Тетово е назначен само еден месец пред тој да ја преземе функцијата министер, а според него станува збор за партиски кадар.