Во Аеродром почна „Гола месечина“ - утре стендап на Сашко Коцев

Во Аеродром синоќа почна десеттото издание на „Гола Месечина”.

 Аеродромци вчеравечер покажаа масовна посетеност на претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, со која и официјално се отвори десеттото издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

- Публиката како и секоја година беше многубројна, а добрата забава и многу смеа се загарантирани и за наредните четири фестивалски вечери кога публиката ќе ја забавуваат веќе докажани македонски актери и комичари, велат од општината. 

Настапите почнуваат во 21:00 часот, на стадионот во Реонски центар, веднаш до училиштето ,,Александар Македонски” и градинката ,,Сонце”, а влезот е бесплатен за лица над 16 години.