Во 2022 година биле изградени 6.301 стан

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 метри квадратни, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост. По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот...

Во Скопскиот регион се завршени 2.107 станови, од кои 1120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел. Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуваат дека во текот на минатата година се градени вкупно 2.145 објекти и завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од 304.916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.981 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни. Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.