Владата ќе субвенционира средношколци и студенти при купување музички инструменти

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата го прифати предлог-законот за поддршка на млади при купување музички инструменти.

Законот предвидува Министерството да врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта и високообразовни установи во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност.