Владата, БЕГ и Регулаторна си ја префрлаат одговорноста за парното греење

БЕГ, Регулаторна и Владата „во клинч“ за парното греење на скопјани.

Пред самиот старт на грејната сезона, одговорноста си ја префрлаат еден на друг.

Иако Владата вчера преку соопштение порача дека Град Скопје нема да остане без парно греење, со оглед дека за неделава е најавено да се разгледуваат опциите за справување со енергетската криза, граѓаните реагираат дека до сега требало да се реши ова прашање.

Од Регулаторна велат дека обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста, бидејќи Законот за енергетика, како што велат од таму, е прецизно дефиниран.

Истовремено, од БЕГ велат дека немаат обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.

Граѓаните својот револт го искажаа на социјалните мрежи:

Грејната сезона почнува на 15 октомври, а зависно до температурите може да стартува и порано, но се уште е неизвесно кога и од каде ќе се обезбеди гасот.