БЕГ, Регулаторна и Владата „во клинч“ за парното греење на скопјани.
Пред самиот старт на грејната сезона, одговорноста си ја префрлаат еден на друг.
Иако Владата вчера преку соопштение порача дека Град Скопје нема да остане без парно греење, со оглед дека за неделава е најавено да се разгледуваат опциите за справување со енергетската криза, граѓаните реагираат дека до сега требало да се реши ова прашање.
Од Регулаторна велат дека обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста, бидејќи Законот за енергетика, како што велат од таму, е прецизно дефиниран.
Истовремено, од БЕГ велат дека немаат обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.
Граѓаните својот револт го искажаа на социјалните мрежи:
Ако БЕГ крева раце, тогаш зошто Скопјани плаќаат сметки?
Масовна непослушност му е мајката!— ЌуркаКурватаСтранска (kjurkakurva) September 27, 2022
Струја требало да се штеди и секој кој тоа не го прави не само што ќе го репнат по џеб, туку и ќе биде општествено “неодговорен”.
Е сеа, како е тоа нормално?
30 и кусур годинини имаа партиите да ја направат Македонија енергетски независна. 2 милиона народ сме бе ало!!!— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) September 27, 2022
-Е како сега знаат да ни се земаат аванс за идната грејна сезона, башка од тој што нема лиценца да ни праќа фактури, а ништо не се знае за греење !
Грејната сезона почнува на 15 октомври, а зависно до температурите може да стартува и порано, но се уште е неизвесно кога и од каде ќе се обезбеди гасот.