Викендов ни се враќаат летните температури

Од УХМР за утре најавуваат потопло време, попладне со појава  на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја. Минималната температура ќе достигне 16, а максималната 32 степени. 

Како и да е, метеролозите најавуваат дека од недела веќе ни се враќаат летните температури, и вистинсо летно време. Додаваат дека во месец јули не се очекува дожд. Првите дождливи денови според нив ќе бидат во првата недела од месец август.