Граѓаните кои решиле викендот да го поминат во Грција, не возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица, кој пред неколку дена беше пуштен во употреба, туку возат по стриот пат.

Дел од возачите велат дека решиле да возат по стариот пат, бидејќи немало поставено знак за приклучување, па не знаеле каде точно да се приклучат.

Од АМСМ, велат дека автопатот е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Користењето на автопатот, во следните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.