(Видео) Вака звучи победничката песна на Констракта кога ја пеат мали девојчиња

Песната на Констракта, српската претставничка на овогодинешната Евровизија во Торино, е вистински хит меѓу сите генерации. 

Доказ дека оваа песна ја обожаваат сите, од 7 до 77, е и оваа слатка изведба на девојчињата од приватната градинка „Чупко“ во Белград.

-Тие се шашави девојчиња. Ние имавме дозвола од родителите за да ги снимиме овие видеа. Сепак, песната не ја избравме ние, туку девојчињата. Таа песна ја знаеле две недели пред победата на Беовизија, бидејќи Констракта е пријателка на Зои Кид. Неодамна, Зои ја објави детската песна „Тика така так“, заедно со хорот „Чаролија“, а во тој хор членуваат и некои наши девојчиња, изјавиле од градинката за српскиот портал „24седум“.