Констракта облечена како Меган Маркл, публиката смета дека не е случајност

Стихот на Констракта за здравата коса на Меган Маркл и понатаму е омилен на европската публика. 

На вчерашното големо отворање на Евровизија, Костракта се појави во модна комбинација слична како на војвотката, а публиката е сигурна дека ништо од ова не е случајност. 

Српската претставничка носела и едноставен мантил во истата нијанса на боја, а класичен детаљ е шеширот.

Меган во слично издание се појави во 2019 година на Денот на Комонвелтот.