Констракта ја освои публиката на „Израел Колинг“ со нов концепт на настап на евровизиската песна

„Констракта веќе победи на Евровизија“ е еден од најчестите коментари по нејзиниот настап на „Израел Колинг“, каде настапува и нашата Андреа. 

Констракта уште од самото прогласување на песната е хит меѓу евровизиските фанови и е фаворит на голем број од евровизиските критичари. 

Погледнете го концептот на настапот во Израел, без вокалите на сцената. Она што можевме да го забележиме е дека целата публика одлично го владее рефренот на песната.