Видео: Овошни дрвца се садеа во сите градинки во општина Аеродром

Грижата за животната средина се стекнува од најмали нозе. Сите заедно треба да работиме за една поубава животна среда, средина која ќе им даде безгрижно чувство на нашите најмили, средина за правилен развој, порача вчера првиот човек на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на акцијата за садење на овошни дрвца  во сите 11 градинки на територијата на општината. 

Еколошката акција се реализираше во соработка со општествено-одговорната компанија „Цветан Димов“.

-Во градинките засадивме овошни дрвца, а истата акција планираме да продолжи и во иднина. Нашата цел како општина е да инвестираме во нашите најмили и нашата иднина бидејќи тие се нашето најголемо богатство, порача Муцунски.