[Видео] Невреме го зафати Скопје, УХМР предупредува за можност од појава на град

Пороен дожд и силен ветер го зафати главниот град. 

Од УХМР информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

Од оваа нестабилност на поширок простор има засилен ветер понекаде пороен дожд, грмежи и појава на град.