Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“, во Скопје

Преку единственствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.

„Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе превземе мерки Градот преку своите служби“, соопштија од центарот.