Невреме со силен дожд го зафати Скопје, делови од градот останаа без струја

Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења го зафати Скопје.

Гром предмалку удри во oколината на Градскиот парк и го осветли цело Дебар Маало, јавуваат граѓани од лице место. Во дел од Карпош снемало електрична енергија.

На дождот претходеше силен ветер.

Претходно силно невреме го зафати Тетово, пришто беа пријавени 200 штети меѓу кои на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.). Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино. ЕВН најави дека населба по населба ќе ја исклучува струјата во Тетово поради опасност од струјни удари.