Ракометниот гигант Вардар славеше во дербито против Пелистер со 26-25 во финалето на Купот на Македонија, но по натпреварот се случи сериозен инцидент кога полициски службеник со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески по глава.
Јавноста бурно реагираше на инцидентот кој се случи по завршување на ракометното дерби, а Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е отворен предмет за полицаецот кој го удри Талески.
-По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.