Македонскиот ракометар Филип Талески гостуваше кај Стефан Лазаров во емисија и откри интересни детали од кариерата и приватниот живот.
Неизбежна тема беше и инцидентот во финалето на Купот на Македонија, кога еден полицаец го удри Талески со пендрек по глава.
-Искрено, сакав да вратам со иста мера, од Господ даден некој колега негов, ми рече „не прави глупост“, по што веднаш се освестив. Ми дојде во глава дека, ако направам нешто, ќе бидам јас виновен. Изреагирав присебно, а потоа го опцув. Можеби и нему му падна неубаво, видов дека изреагира така, но... Полицијата е тука за да го штити народот, а не да го тепа, вели Талески.