(Видео) ФК Вардар го промовираше спотот за песната „Гордоста на градот“

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го објави спотот за песната „Гордоста на градот“ која е создадена од членови на неколку музички бендови кои со ова дело ја искажаа својата поврзаност кон „црвено-црните“.

„Ви го претставуваме спотот за песната „Гордоста на градот” кој од денес ќе може да се погледне на официјалниот youtube канал на клубот.

Песната е создадена со заеднички ангажман на членови на неколку музички бендови, кои на сопствен-оригинален начин, ја искажаа својата приврзаност кон Вардар и црвено-црните бои.

Во името на клубот се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во креирањето на песната и спотот.

Се надеваме дека ќе уживате!

И не заборавајте…во недела се гледаме на Градски!“