Туниски интернационалец е новото засилување на ракометниот клуб Вардар 1961

Ракометниот клуб Вардар 1961 го ангажираше како ново засилување 23- годишниот тунижанец Мохамед Тарик Бакар на позицијата десен бек.

Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане до јуни 2025 година.

Бакар инаку има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим. Има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.

Вардар со него добива конкуренција на позицијата десен бек и заедно за тоа место ќе се бори со нашиот Томислав Јагуриновски