Весна Петрушевска Бејби со емотивна објава на Инстаграм се потсети на нашиот Тоше кој денеска, да беше жив, ќе го славеше својот 43 роденден.
Рече дека ги посетила неговите во Крушево.
Ова е во целост објавата на Бејби:
- Уметноста без љубов е ништо.Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов.
Се мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке сеуште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти.
Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : "17та тераме". На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење.Денес е денот на твоето раѓање. 43, те сакам до небото и назад!