Вчера две пријави за каснувања од улични кучиња во Аеродром

Две лица од Скопје вчера биле каснати од улични кучиња. 

На 10.04.2024 во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Х.Р.(22) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.04.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје била касната од куче скитник.