Урош пукал на три различни локации и се заканил со бомба: Реконструкција на новиот масакр во Србија

Уште една голема трагедија ја погоди Србија, каде што синоќа 21-годишниот Урош Б. со автоматска пушка уби осум лица и повреди 14, од кои седум се наоѓаат во критична состојба.

Според српски „Блиц“, Урош најпрво пукал кон луѓе кои биле на излет, а неколку километри подоцна пукал кон четири лица кои поправале капија во двор на училиште, по што тргнал кон центарот на селото Дубона и убил две лица, меѓу кои биле еден полицаец и неговата сестра.

Речиси 600 полицајци го бараа убиецот, кој од Дубона тргнал Крагуевац каде што живеела неговата мајка, по што бил уапсен во Грошница. Според неофицијални информации, тој киднапирал таксист на кој му се заканил дека ќе го разнесе со бомба.

Во викендицата која ја користел убиецот била пронајдена голема количина оружје и муниција, а исто така српските медуми откриваат дека Урош имал досие, но досега не бил осудуван.

„Блиц“ објави дека Урош е син на воено лице, а во минатото извршил една кражба и нападнал службено лице.