Пронајдени бомби, пушка и куршуми: Таткото на убиецот од Младеновац имал цел арсенал оружје

Припадниците на српската полиција го уапсија таткото на Урош кој уби осум лица и застрела други 14 на различни локации низ Србија, а во неговиот дом бил пронајден цел арсенал оружје.

Таткото на Урош е осомничен дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштење во продажба на оружје и експлозивни направи“.

Српските медиуми пишуваат дека полицијата во неговиот дом пронашла пушка, револвер, голем број куршуми и рачно направени бомби.

На информативен разговор била приведена и мајката, снаата и братот на Урош.