Ученици од општинските основни училишта: „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“ денеска имаа едукативна средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.
Градоначалникот Темелковски ги запозна децата со работата на општинската администрација, надлежностите на секторите и идните проекти.
Учениците од градоначалникот имаа можност да добијат одговори на прашањата за кои се интересираа.