Ученици од Лондон на размена во Скопје

Група од 11 ученици од лондонската општина Вандсворт дојдоа на размена во Скопје. Се работи за возвратна посета, откако нашите ученици минатата година посетуваа настава во училиште во збратимената општина Вандсворт. Во Скопје, тие дојдоа да посетуваат настава во основно училиште во Аердром, каде ги пречека градоначалникот на општината Ивица Коневски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и амбасадорот на на Обединетото Кралство во земјава Чарлс Герет. 

Децата се сместени во семејства на нивните соученици и ќе имаат прилика да се запознаат со македонската култура и традиција. "Поддржувам вакви посети, бидејќи кога бев млад живеев во Русија, Германија и во Австрија, и имав можност да искусам други култури. Аеродром и лондонски Вандсворт се збратимени општини и имаат многу добра билатерална соработка, а денешната посета дава можност да се продлабочи знаењето за културите на Македонија и на Англија, и да се зајакнат културните и образовните врски меѓу Македонија и Британија",  рече Герет, амбасадорот на ОК во земјава, по повод приемот.