Уапсени три лица за пожарот во Универзална

МВР со официјално соопштение за денешниот пожар во Универзална сала

- Денеска околу 09.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во Универзалната сала во Скопје. Веднаш по добиената пријава, на лице место се упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11.30 часот го изгаснале пожарот. Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад, наведуваат од полицијата. 

Додаваат дека од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имало заглавени две жени, кои биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.

- Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот  и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53), информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.